НАСА

„Артемис 2“ денес се враќа на Земјата

10.04.2026 12:10

Десетдневната мисија на НАСА ќе заврши со спуштање во океанот на капсулата „Орион“ нешто по 20 часот по источно време, покрај брегот на Сан Диего.

Четворицата астронаути од „Артемис 2“, кои го направија првото патување со екипаж на Месечината по повеќе од половина век, денеска се враќаат на Земјата.

Десетдневната мисија на НАСА ќе заврши со спуштање во океанот на капсулата „Орион“ нешто по 20 часот по источно време, покрај брегот на Сан Диего.

„Артемис 2“ е првиот лет со астронаути на НАСА на месечината по 1972 година. Ова е првиот чекор во плановите за база на Месечината и слетување на двајца астронаути во близина на јужниот пол во 2028 година.