ЕЕС
ЕУ стартуваше со примена на новиот дигитален граничен систем
10.04.2026 13:11
Европската унија ги зајакнува безбедносните контроли, патниците се соочуваат со поголем метеж и подолго време на чекање за влез во земјите.

Почна примената на новиот граничен систем за патување во Шенген-зоната. Се бара отпечаток од прсти и фотографија, се скенира патната исправа на секој патник. Европската унија ги зајакнува безбедносните контроли, патниците се соочуваат со поголем метеж и подолго време на чекање за влез во земјите. Десетина илјади Македонци денеска заминаа кон Грција.
Ване Трајков известува од граничниот премин Богородица.
