Целосна примена на системот за влез во ЕУ

Зголемена фреквенција, без задржувања на граничните премини

10.04.2026 16:48

Дигиталниот систем за влез и излез од Европската унија од денеска станува целосно оперативен. Сите државјани од земји кои не се членки на унијата од денеска на границите ќе бидат фотографирани и ќе им бидат земени отпечатоци. Новиот систем се очекува да донесе подолги задржувања на границите.

На првиот ден од целосната примена на новиот дигитален систем за евиденција и контрола на патници при влез и излез во ЕУ немаше метеж на ГП Евзони на македонско-грчката граница. Од синоќа грците ги активираа сите погранични ленти за побрз проток на патници заради новите правила, бидејќи влез во Унијата нема со рачно ставање печати во пасошите со електронска и биометриска евиденција.

За македонските граѓани кои патуваат без виза во земјите на ЕУ и Шенген зоната, новиот систем значи изменет процес на гранична контрола, комплетна регистрација на граничните премини што вклучува: фотографирање, земање отпечатоци од прсти и дигитално внесување на податоците од пасошот.

Последните 24 часа на ГП Богородица на македонско-грчката граница според евиденцијата на МВР регистрирани се 10.000 патници на излез и влез во земјава.

Ване Трајков