Нема поголеми колони, ниту застој на ГП Меџитлија
Од денес започна целосната примена на новиот дигитален систем за евиденција и контрола на државјани од земјите кои не се членки на Унијата, со кој преку биометриските податоци, системот ќе има увид и контрола, дали се почитуваат правилата за престој до 90 дена во период од 180 дена.

Со фотографирање, отпечатоци од прсти и дигитално внесување на податоците од пасошот, при влез и излез во земјите од Европска унија, ставањето печат замина во историјата.
Од денес започна целосната примена на новиот дигитален систем за евиденција и контрола на државјани од земјите кои не се членки на Унијата, со кој преку биометриските податоци, системот ќе има увид и контрола, дали се почитуваат правилата за престој до 90 дена во период од 180 дена.
Иако со стартот на примената на ЕЕС системот се очекуваше поголема метеж, на граничниот премин Меџитлија, денес немаше подолги колони ниту задржувања. Протокот на патници се одвива непречено и без застој.
Интересот за патување за време на велигденските празници е исклучително голем, велат од туристичките агенции. Грција, островот Крф, Истанбул, Италија и големите европски метрополи се најпосакувани дестинации. Заради случувањата на Блискиот Исток, намален е интересот за патување во подалечните земји. Според нив, очекувано е во првите месеци да има подолги задржувања на границите, но сметаат дека стартот на примената на новиот систем, на подолг рок, ќе обезбеди подобар и поефикасен проток на патници и ќе го олесни преминот на границите во иднина.
Новиот систем се применува на границите на 29 европски земји, меѓу кои и Република Грција и Бугарија. На македонските граѓани кои патуваат без виза во овие земји, при првиот влез ќе им биде направена комплетна регистрација.
Од Европската комисија информираат дека системот овозможува флексибилност, особено во лето кога има поголем проток, тоа значи можност за суспендирање на регистрирањето на биометриските податоци во случај на предолго чекање. Оваа можност ќе биде дозволена до септември.
Александра Максимовска
