Велика сабота ден кога православните верници се подготвуваат за Христовото воскресение
Велика сабота ден на тишина, исчекување и духовен трепет, последниот ден пред најголемиот христијански празник – Велигден, кога православните верници се подготвуваат за Христовото воскресение.

Денеска е Велика сабота ден на тишина, исчекување и духовен трепет, последниот ден пред најголемиот христијански празник – Велигден, кога православните верници се подготвуваат за Христовото воскресение.
Овој ден, кој се наоѓа меѓу распнувањето на велики петок и радоста на воскресението, го симболизира преминот од смртта кон животот, од тагата кон надежта.
Според христијанското учење, тоа е време кога христовото тело е во гробот, а верниците се во молитва, молк и духовна подготовка. Храмовите во земјава се исполнуваат со верници кои носат црвени јајца, симбол на животот и воскресението.
Точно на полноќ, со биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“, почнува прославата на Велигден.
