НАСА

Четворицата астронаути се вратија дома

11.04.2026 17:19

Четиричлениот екипаж – астронаутите Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен – станаа првите луѓе што патувале до Месечината и се вратиле назад, по повеќе од 50 години од времето на Аполо 17.

Мисијата „Артемис 2“ успешно се врати на Земјата – капсулата „Орион“ по огнено влегување во атмосферата и со три падобрани безбедно слета во Тихиот Океан. Четиричлениот екипаж – астронаутите Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен – станаа првите луѓе што патувале до Месечината и се вратиле назад, по повеќе од 50 години од времето на Аполо 17.

За речиси 10 дена во вселената тие поминаа над еден милион километри, летајќи и околу темната страна на Месечината. „Артемис 2“ е клучен чекор во програмата на НАСА за враќање на човекот на Месечината.

„Испративме четири неверојатни луѓе на Месечината и безбедно ги вративме на Земјата за прв пат по повеќе од 50 години. НАСА покажа дека амбициозните цели вреди да се постигнат и можат да го инспирираат светот“, изјави д-р Лори Глејз, заменик-администратор, развој на истражувачки системи на НАСА.