Неновски: Буџетот за 2015-та двигател на економијата

17.09.2014 13:34

Буџетот за 2015-та има капитална, социјално-економска и стабилизирачка финансиска компонентна, изјави професорот на Aмерикан колеџ, Томе Неновски.

„Kапиталната компонента е содржана во 345 милиони евра капитални инвестиции кои треба да креираат ново производство и тоа е еден од двигателите на економскиот раст“, нагласи професорот Неновски.

Во исто време, според Неновски, буџетот има и социјална компонента или социјално-економска компонента во обезбедените средства за пораст на платите и пензиите, па и за социјалните случаи во следната година. 

„Тоа од своја страна ќе има резултат со зголемување на личната потрошувачка, а таа пак бара зголемена побарувачка на стоки и услуги. Тоа последователно го зголемува производството, а со се заедно повторно се враќаме на почетокот, односно на зголемувањето на БДП и создавањето или отворањето нови работни места во текот на следната година. Значи, имаме неколку измешани компоненти“, вели Неновски.

Стабилизирачката финансиска компонента на буџетот, укажува, е согледана во враќањето на 420 милиони евра кон странските кредитори.