Христијанското свештенство во Ерусалим се подготвува за Благодатниот оган
Во согласност со традицијата, свештениците на православната ерменска и грчка црква го придружуваа носителот на клучот на црквата за да ги отклучат нејзините порти, означувајќи го официјалниот почеток на одбележувањето на Велика сабота.

Христијанското свештенство во Ерусалим се подготвува за благодатниот оган кој секоја година се спушта од црквата на светиот гроб.
Во согласност со традицијата, свештениците на православната ерменска и грчка црква го придружуваа носителот на клучот на црквата за да ги отклучат нејзините порти, означувајќи го официјалниот почеток на одбележувањето на Велика сабота. По отворањето на портите, верниците со собраа во црквата изградена во 12-ти век на местото каде што Исус бил погребан по распнувањето.
Ритуалот на светиот оган кој датира од пред најмалку илјада и 200 години, почнува откако православниот патријарх изнесува свеќи за кои се вели дека се запалени со чудотворен, незапалив пламен од гробот, а потоа се предава на илјадници верници.
