Украина
Велигденско примирје меѓу Москва и Киев
11.04.2026 14:52
Огнот запре, но и двете страни соопштија дека остануваат претпазливи и подготвени за можни провокации.

Стартуваше велигденското примирје меѓу Москва и Киев по одлука на рускиот претседател Путин. Ќе трае до крајот на 12 април.
Огнот запре, но и двете страни соопштија дека остануваат претпазливи и подготвени за можни провокации. Во меѓувреме Украина соопшти дека во текот на ноќта соборила над 130 дрона, додека во Одеса има и жртви.
Во меѓувреме, ООН предупредија дека дроновите со краток дострел станале најсмртоносно оружје за цивилите, со значителен пораст на жртвите во март.
