Случај „Ровер“: Бошкоски демонтративно го напушти судењето

17.09.2014 13:39

Бошкоски рече дека не се почитува правната рамка и дека судот на погрешен начин ја води постапката, по што побара да биде спроведен назад во затворот Идризово...

Љубе Бошкоски, поранешниот министер за внатрешни работи демонстративно го напушти судската сала и го прекина рочиштето, поради како што рече непочитување на Уставот и законите од страна на судот.

Бошкоски на минатото рочиште побара судот да утврди дали првообвинетиот во случајот Ровер, Предраг Чубрило кому му се суди во отсуство навистина починал.

Откако судот денеска констатираше дека добиле информација од МВР дека Чубрило е жив, Бошкоски рече дека не се почитува правната рамка и дека судот на погрешен начин ја води постапката, по што побара да биде спроведен назад во затворот Идризово.

На Бошкоски и уште петмина негови соработници им се суди за помагање за извршување на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година.

 

Анита Димитријевска