Унгарија

Утре парламентарни избори во Унгарија

11.04.2026 19:27

Утре во Унгарија се одржуваат парламентарни избори. Право на глас имаат над 8 милиони граѓани, а околу половина милион ќе гласаат по пошта од странство.

Утре во Унгарија се одржуваат парламентарни избори. Право на глас имаат над 8 милиони граѓани, а околу половина милион ќе гласаат по пошта од странство.

Главни соперници на изборите се владејачката „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан и опозициската проевропска „Тиса“ предводена од Петер Маѓар.

Се избираат 199 пратеници во 106 изборни единици, со изборен праг од 5 проценти. Изборите се сметаат за клучни за идниот политички правец на земјата, во услови на меѓународни пораки за поддршка од САД и ЕУ за различни политички опции.