Дојран

Дојран полн за Велигден – посетители уживаа покрај крајбрежјето

11.04.2026 13:28

За Велигденските празници полн е и Дојран. Гости од земјава уживаат покрај дојранското крајбрежје но и околните културно историски знаменитости. Според локалните власти капацитетите се исполнети претежно од Македонци.

Сончевите зраци принудија дел од посетителите во Дојран да уживаат покрај езерото за време на Велигденското празнување. Во кругот на најблиските таму имаа можност да вкусат традиционална храна но да се релаксираат покрај езерото.

Има што да се види и вкуси. Вака коментираа други кои ги затекнавме покрај кејот на Дојранското езеро. Велат дека Дојран е примамлив и за млади.

Речиси сите капацитети се полни кажа првиот човек ан општина Дојран, Илија Тентов.

Дојран полека се подготвува и за претстојната сезона за што општинските власти интензивно работата на подобрување на хигиената и јавните зелени површини.

 

Ване Трајков