Штип

Третина од населението со прекумерна тежина

12.04.2026 19:34

Обезноста е фактор кој го зголемува ризикот од низа заболувања. Една третина од населението во Македонија е со прекумерна тежина. Загрижува порастот на обезност кај децата и адолесцентите. Во Штип почна со работа регионален центар за менаџирање на дебелината.

Прекумерната тежина не е само естетски проблем. Тоа е сериозна хронична состојба што го зголемува ризикот од низа заболувања.

Македонија е во редот на таканаречени обезогени земји. Една третина од населението е со обезност, а уште толку се натхранети.

Обезноста е причина за над двеста здравствени проблеми и коморбидитети и главно е резултат на нездравите животни навики.

Стручна помош на пациентите од истокот нуди Центарот за менаџирање на дебелината во клиничката болница во Штип.

Во државата постојат девет центри за обезност, а заради се поголемиот број на деца до 14 години со прекумерна тежина, ваков центар се планира и на Клиниката за педијатрија во Скопје.

Славица Величковска