Се градат вело патеки и кон селата во Општина Струмица
Општина Струмица почна да гради велосипедски патеки и кон населените места. Досега се изградени околу 16 километри вело инфраструктура која ги опфаќа сите поважни сообраќајници во градот. Истите се градат исклучиво со пари од ЕУ.

Струмица ја проширува својата велосипедска инфраструктура и кон населените места во општината. Вело патеки се градат и кон населените места Дабиле и улицата која води кон населеното место Просениково. Станува збор за вело патеки финансирани од ЕУ преку програмта за прекугранична соработка со Грција.
Струмица досега има околу 16 километри вело патеки со кои се опфатени булеварите и поважните сообраќајници. Сега се насочуваат и кон населените места.
Паралелно општинските власти работат и на комплетирање на велосипедската инфрастуктура,
Годинава Општина Струмица додели околу 10 илјади евра како субвенции при што 108 граѓани добија финансиска поддршка за набавка на нови велосипеди.
Ване Трајков
