Велигден
Православните верници го слават најголемиот христијански празник- Велигден
12.04.2026 09:30
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден. Воскресението христово на полноќ беше објавено во сите храмови...

Христос воскресна – навистина воскресна. Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден. Воскресението христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква.
Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржа литургиска прослава, а по свеченото објавување на воскресението, следуваше пасхалната литургија, со која чиноначалствува неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Изутринава во сите храмови на МПЦ се одржуваат воскресенски литургии.
