Ерусалим

Благодатниот оган се спушти во параклисот над Светиот гроб

12.04.2026 10:14

Благодатниот оган, кој ја симболизира светлината на воскресението Христово, на Велика сабота се спушти во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Благодатниот оган, кој ја симболизира светлината на воскресението Христово, на Велика сабота се спушти во црквата на Светиот гроб во Ерусалим – едно од чудата во православието што секоја година се случува пред Велигден.

Благодатниот оган се спушти во параклисот над Светиот гроб, каде што според црковните преданија, бил погребан Исус Христос.

Годинава беше неизвесно како ќе се одвива чинот, бидејќи храмот беше затворен поради војната на Блискиот Исток. Вратите повторно беа отворени на Велики четврток, по постигнатото примирје со Иран.