Ќе се едуцираат најмладите учесници во сообраќајот

17.09.2014 13:48

Акцијата почна во детската градинка „Кокиче“ во Кисела Вода, а ќе продолжи и во другите градинки...

Во детските градинки почна едукацијата на најмладите учесници во сообраќајот. Се едуцираат за сообраќајните правила и прописи. Акцијата почна во детската градинка „Кокиче“ во Кисела Вода, а ќе продолжи и во другите градинки.

„Децата уште од најрана возраст се учесници во сообраќајот како пешаци и велосипедисти. Иако во најголем дел родителите вршат надзор на децата од оваа возраст, сепак постои можност тие да се соочат со одредена опасност во сообраќајот“, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП), заедно со Владата и сите други надлежни институции како МТСП, МВР и Министерството за здравство продолжува со кампањи за поголема безбедност во сообраќајот, се со цел, да се намали бројот на жртви во сообраќајот, дополни претседателот на советот, Никола Ангеловски.