честитки

Честитка по повод христијанскиот празник Велигден од претседателката Сиљановска-Давкова

12.04.2026 12:25

Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење. Во него е содржана најдлабоката вистина за преобразбата дека преку жртвата, смирението и љубовта, човекот се издигнува и се приближува кон божественото.

Честитка по повод христијанскиот празник Велигден од претседателката Сиљановска-Давкова. Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење. Во него е содржана најдлабоката вистина за преобразбата дека преку жртвата, смирението и љубовта, човекот се издигнува и се приближува кон божественото.

Во време на тешки општествени превирања, големи искушенија и силни и морални предизвици, мораме да истраеме во добродетелите, обединети околу вредностите на човекољубието, солидарноста и заемната почит, се вели во честитката упатена до верниците и поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија господин господин Стефан.

Претседателката Сиљановска-давкова по повод христијанскиот празник Велигден упати честитки и до сите припадници на Евангелско-методистичката црква.