Украина

Киев и Москва со меѓусебно се обвинување за кршење на велигденското примирје

12.04.2026 16:10

Украинскиот Генералштаб тврди дека руските сили извршиле над 100 напади и стотици прекршувања на прекинот на огнот, додека Москва обвинува за украински напади со дронови.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за кршење на велигденското примирје, кое е во сила до крајот на денот. Украинскиот Генералштаб тврди дека руските сили извршиле над 100 напади и стотици прекршувања на прекинот на огнот, додека Москва обвинува за украински напади со дронови.

Пред стапувањето на примирјето, двете страни разменија по 175 воени заробеници.

„Велигден треба да биде време на безбедност и мир. Би било исправно прекинот на огнот да продолжи и по празникот. Го пренесовме овој предлог до Русија и ако Русија повторно избере војна пред мирот, тоа повторно ќе му покаже на светот, а особено на САД, кој навистина за што се залага. Украина ќе дејствува како огледало. Ако нема руски напади, нема да има одговор од наша страна“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.