Во Унгарија се одржуваат парламентарни избори
Над 8 милиони Унгарци денеска гласаат на парламентарните избори. Главната битка се води меѓу владејачката „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан и опозициската проевропска „Тиса“, предводена од Петер Маѓар. Изборите се сметаат за клучни за идниот политички правец на земјата, во услови на меѓународни пораки за поддршка од САД и од ЕУ за различните политички опции.

Клучни парламентарни избори во Унгарија. Седум ипол милиони Унгарците со право на глас решаваат, дали по 16 години власт, довербата повторно ќе му ја дадат на „Фидес“ и Виктор Орбан или на опозициската „Тиса“ на Петар Маѓар, поранешен соработник на Орбан. И двајцата лидери изразија уверување во победата на нивните партии. Орбан вели, за да поднесам оставка ќе биде потребен голем пораз, Маѓар пак со став, ќе победат и „Тиса“ и Унгарија.
„Дојдов да победам“, рече Обран
„Никој сериозно не може да помисли дека партијата „Тиса“, а со неа и Унгарија, нема да победи на изборите“, изјави Маѓар.
Изборните резултати во Унгарија се од глобален интерес поради односите со Русија и Европската унија, како едни од клучните прашања што ја одбележаа кампањата. Коментирајќи го односот со рускиот претседател Владимир Путин, Орбан порача дека Унгарија се стреми кон пријателски односи со лидерите на сите големи држави. Ставот на Маѓар е пак, дека земјата избира меѓу истокот и западот. Кампањата на Орбан, кој изминатиов период беше мета на критика на дел од челниците на Европската унија, беше поддржана од американскиот претседател Доналд Трамп.
Унгарија бира 199 пратеници во парламентот, а за формирање на просто мнозинство и влада, потребни се 100 освоени пратенички места.
