Празник

Велигденски честитки од политичарите до граѓаните

12.04.2026 17:26

Државниот врв упати честитки до верниците кои го слават Велигден. Во честитките на политичарите доминираа пораките за заедништво, истрајност и нова надеж.

Државниот врв упати честитки до верниците кои го слават Велигден. „Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење“, вели претседателката Сиљановска-Давкова.

Собранискиот спикер Гаши истакна дека овој голем празник носи пораки за надеж, за мир и духовна обнова.

Само заедно, со меѓусебна почит можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека празникот нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, а по секој предизвик – нов почеток.

Да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче.

И скопскиот градоначалник, кој присуствуваше на утринската литургија во Соборниот храм упати честитка до верниците.

Во честитките на политичарите доминираа пораките за заедништво, истрајност и нова надеж.

Борис Грујоски