Нема механизам што ќе ја натера Софија да ја промени позицијата
Наднационално тело со механизам што може да и наложи на Бугарија да ги почитува пресудите и одлуките за непочитувањето на правата на македонското малцинство, вели аналитичарот Благојче Атанасоски по Заклучокот на Комитетот за човековите права...

Недостасува наднационално тело со механизам што може да и наложи на Бугарија да ги почитува пресудите и одлуките за непочитувањето на правата на македонското малцинство, вели аналитичарот Благојче Атанасоски по Заклучокот на Комитетот за човековите права на ООН дека Софија неосновано го отфрла барањето за регистрација на Здружение за првата на Македонците, без да обезбеди владино правно оправдување. Тој потсетува и на низата пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Претстојните избори во Бугарија нема да донесат промена во политиката кон Македонија, смета Атанасоски, според кого Радев ќе ја однесе победата. Тој очекува и заострување на реториката.
Комитетот за човекови права ја задолжи Бугарија да ги преиспита домашните судски одлуки со кои се одбива регистрацијата и да му обезбеди на подносителот на жалбата соодветна отштета, како и во рок од 180 дена, детално да ги наведе мерките што ги презела за да ја поправи ситуацијата.
Наташа Јанчиќ-Менковски
