Празник

Велигден – прослава на Христовото воскресение

12.04.2026 16:46

Со објавата на радосната вест за Христовото воскресение, православните верници го почнаа празнувањето на најголемиот христијански празник, Велигден. Прославата на воскресението, на љубовта и на новиот почеток – повторно ги собра верниците во храмовите. Изутрината во сите цркви на Македонска православна црква се одржуваат воскресенски литургии.

Точно на полноќ, камбаните ја обзнанија најрадосната вест. во црковните храмови литургии. Православните христијани го слават најголемиот и најсветлиот празник – Велигден. Со зборовите „Христос воскресна – навистина воскресна“, верниците се отпоздравуваат меѓусебно, си посакуваат здравје, среќа и нова надеж.

Воскресението Христово е темелот на нашата вера – порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан на литургијата во Соборниот храм.

„Воскресението Христово е темел на нашата вера затоа што во него го сретнуваме живиот Господ. Е силата на нашата надеж затоа што ни открива дека смртта не е крај туку е премин кон животот во Бога. е извор на нашата љубов, затоа што преку него учиме да љубиме онака како што Христос не возљуби. А Христос не возљуби не со зборови туку со својата страдална крстна смрт и со своето сепобедно воскресение“, изјави: г. г Стефан – поглавар на Македонската православна црква Охридска архиепископија.

Во храмот прочитано и велигденското послание.

„Да го чуваме споменот за нашите достојни претшественици, кои се вградиле во основата и во обновата на нашата татковина Македонија и на нашата македонска црква. Но тие нека ни бидат и порака да ги сочуваме придобивките што ни ги оставиле, а потоа и да ги надградуваме давајќи нови плодови“, изјави Сашко Николовски – протојереј ставрофор.

На светата литургија присуствуваа голем број верници. Велигден се празнува три дена – првиот е посветен на семејството.

Христовото воскресение на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Со радосниот поздрав „Христос воскресна, навистина воскресна“ – верниците го дочекаа најголемиот христијански празник – Велигден.

 

Андријана Ѓурческа