МВР

Обид за опожарување на синагогата во Скопје

13.04.2026 10:02

Еврејската заедница алармираше за обид за опожарување на нејзиниот објект и на синагогата од две лица, МВР презема мерки за расчистување на случајот...

МВР презема мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата откако еврејската заедница алармираше за обид за опожарување на нејзиниот објект и на синагогата од две лица, кои на главите имаат кациги за мотоцикл и користат канистери со гориво.

Од еврејската заедница рекоа дека овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар врз соживотот, достоинството и заемната почит.

И заедницата и израелската амбасадорка побараа случајот целосно да биде расветлен и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. Амбасадорката забележа дека е ова прв антисемитски инцидент во Македонија од 1945.