РЕК

Утре РКЕ со нови цени на горивата

13.04.2026 10:58

Премиерот Мицкоски најави дека на владината седница ќе се направи анализа на извештајот на Министерството за економија и инспекторатот за труд, за цените на производите, врз која ќе се носат идните одлуки.

Утре Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата. Премиерот Мицкоски најави дека на владината седница ќе се направи анализа на извештајот на Министерството за економија и инспекторатот за труд, за цените на производите, врз која ќе се носат идните одлуки.

Трудовиот инспекторат направил 800-ни контроли. Според владините пресметки, цената на дизелот треба да се намали за два и пол, а на бензините за денар и пол за литар. И натаму во сила мерките со намалување на ДДВ-то од 18 на десет проценти и одлуката за усогласување на акцизите.

Премиерот тврди дека државата има доволно количества горива да го амортизира и притисокот од соседството. Од СДСМ пак, обвинуваат дека месец и пол цените растат, а основните производи станаа луксуз за огромен дел од граѓаните.

Оваа влада на Мицкоски не се бори против скапотијата, туку за бизнис-интересите, а граѓаните ја плаќаат цената, велат од Бихаќка.