По 16 години владеење на Орбан, Унгарија почнува нова политичка ера
На премиерската функција доаѓа опозицискиот лидер Петер Маѓар кој во победничкиот говор рече дека го ослободиле унгарскиот народ. Најави прозападен курс и зацврстување на односите со ЕУ и НАТО. Неговата партија Тиса, се очекува да обезбеди двотретинско мнозинство.

Унгарија почнува нова политичка ера, по 16 години владеење на Виктор Орбан. На премиерската функција доаѓа опозицискиот лидер Петер Маѓар кој во победничкиот говор рече дека го ослободиле унгарскиот народ. Најави прозападен курс и зацврстување на односите со ЕУ и НАТО. Неговата партија Тиса, се очекува да обезбеди двотретинско мнозинство.
„Заедно ја ослободивме Унгарија, ја вративме нашата татковина. Нашата победа не се гледа од месечината, туку од секој прозорец во Унгарија“, изјави Петер Маѓар – претседател на победничката Тиса.
Орбан го призна поразот и упати честитки.
„Резултатите од изборите се болни за нас, но јасни. Не ни беше дадена одговорност ниту можност да владееме. Ѝ честитав на победничката партија“, изјави Виктор Орбан – премиер на Унгарија.
По изборниот исход се очекуваат и промени во односите со ЕУ и нов пристап кон Русија. „Унгарија ја одбра Европа“, изјави шефицата на европската комисија Фон Дер Лајен.
