Блиски Исток

Трамп го засилува притисокот врз Техеран по неуспешните преговори во Исламабад

13.04.2026 15:52

Нареди блокада на иранските пристаништа како одговор на одбивањето да се отвори Ормускиот теснец, истакнувајќи дека САД нема да ги попречуваат бродовите што транзитираат низ него.

Американскиот претседател Трамп го засилува притисокот врз Техеран по неуспешните преговори во Исламабад. Нареди блокада на иранските пристаништа како одговор на одбивањето да се отвори Ормускиот теснец, истакнувајќи дека САД нема да ги попречуваат бродовите што транзитираат низ него. Се закани со остри мерки против секој напад врз бродови и најави забрана за влез на пловила што плаќаат транзитни такси на Иран. Додаде дека повеќе не му е грижа дали Иран ќе се врати на преговорите, нагласувајќи дека нема да дозволи Техеран да добие нуклеарно оружје.

„Тие не ги исполнија своите обврски, ги прекршија ветувањата и тоа ќе има последици. Во 10 часот стапува во сила блокада. Други земји работат на тоа Иран да не може да продава нафта, и тоа ќе биде многу ефикасно“, ијзави Доналд Трамп - претседател на САД.

Иран соопшти дека секој воен брод што ќе се приближи до поморската рута ќе биде строго санкциониран и дека Техеран нема да попушти под заканите.

„Ормускиот теснец е под „интелигентна контрола и управување“ и е отворен за безбеден премин на цивилни бродови според одредени правила. Секој воен брод што ќе се приближи до теснецот ќе се смета за прекршување на примирјето и ќе биде „остро и одлучно“ санкциониран“, ијзваи Објава на Исламската револуционерна гарда.

Најновите тензии во регионот предизвикаа неизвесност и нов раст на цените на нафтата.