Украина

Заврши велигденското примирје во Украина

13.04.2026 13:20

Русија продолжи со воените операции и покрај барањето на Зеленски за продолжен прекин на огнот по празникот. Експлозии одекнуваат во Запорожје

Заврши велигденското примирје во Украина. Русија продолжи со воените операции и покрај барањето на Зеленски за продолжен прекин на огнот по празникот. Експлозии одекнуваат во Запорожје, на удар и енергетската инфраструктура во Черниговската област. Над 12.000 домаќинства останаа без струја.

Москва, пак, јавува за пресретнати десетици дронови и напади во Ленинград. Примирјето беше обележано со размена на затвореници меѓу Киев и Москва, но не и со целосно прекин на огнот.

Двете страни се обвинија меѓусебно за кршење на примирјето.