дзр

Државниот завод за ревизија, чувар на јавните средства

13.04.2026 10:35

Државниот завод за ревизија, како чувар на јавните средства, веќе трета година со ред е број еден на листата на Антикорупциската комисија за системот на интегритет. Граѓаните мора да знаат каде и за што се користат нивните пари и дали и каде се направени злоупотреби, велат од Државната ревизија. Според последните анализи на Транспаренси Интернешнл, земјава сè уште е со умерено високо ниво на перципирана корупција во јавниот сектор.

Близу 1.400 субјекти од јавниот сектор располагаат со народни пари. Институцијата која согласно својата мисија, е чувар на јавните средства, веќе трета година со ред е број 1 на листата на Антикорупциска комисија за системот на интегритет кој го поседува токму поради познавањето на управувањето со јавните финансии и неправилностите што ги утврдува при ревизиите, вели за МТВ генералниот секретар на Државниот завод за ревизија Александар Поповски.

Граѓаните мора да знаат каде и за што се користат нивните пари и дали и каде се направени злоупотреби. За тоа клучен е интегритетот на сите вработени, вели Поповски.

Инаку според последните анализи на Транспаренси Интернешнл, земјава е сè уште со умерено високо ниво на перципирана корупција во јавниот сектор. Оценките од релевантни меѓународни извори, пак, укажуваат на слаб институционален интегритет и континуирано влијание од центри на моќ врз јавната администрација, што ја ограничува ефикасноста на антикорупциските механизми.

 

Фиљана Кока