На Косово се апсат радикални исламисти, повторно приведен имамот Красниќи

17.09.2014 14:04

Антитерористичките специјалци на косовската полиција се уште вршат претрес во домовите...

Голема полициска акција во Косово. Петнаесет луѓе кои се сомничат дека учествувале или поттикнувале граѓани да учествуваат во војните во Сирија и Ирак, изутрината се уапсени.

Меѓу приведените се имамот на големата џамија Шефкет Красниќи, кој беше приведен а потоа ослободен минатата недела и политичарот Фуад Рамичи.

Антитерористичките специјалци на косовската полиција се уште вршат претрес во домовите.

По конституирањето на новиот Парламент се очекува земјата да го донесе законот со кој за учество во туѓи војни ќе се одреди затворска казна до 15 години.