животен стандард

Извештајот на ДПИ утре на владина седница

13.04.2026 14:37

Ќе има ли нови мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните? Ова е прашањето кое веднаш по велигденските празници, веќе утре ќе се најде на владина седница. Основата за тоа, какви потези ќе се влечат ќе биде извештајот на Државниот пазарен инспекторат за спроведените контроли.

Надлежните веќе утврдиле зголемување на цената на неколку производи како лебот, зејтинот, шеќерот, јајцата. Дел од нив се берзански и според нив, оправдано е зголемувањето. Најголемо влијае има растот на цената на нафтата која е главен инпут. Податоците од анализите на пазарот ќе бидат доставени на владина седница.

Владата утре ќе одлучува дали ќе донесе мерки со кои ќе се намали товарот врз домашниот буџет.

Доколку се констатира непазарно однесување, Владата најави ограничување на профитните маржи или намалување на данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи.

Граѓаните очекуваат конкретни мерки, намалување на цените, кои како што велат им го тенчат џебот.

Според Статистика трошоците за живот минатиот месец се зголемиле за 0,7 насто, а истиот месец лани за 4,9 насто, цените на мало пак, за 3,4 насто.

Александра Велинова