Србија се соочува со последиците од невремето

17.09.2014 14:07

Во селото Грабовица водостојот расте, а граѓаните немаат вода за пиење и храна. Во Текија производите кои им се неопходни на жителите се доставуваат со брод...

Србија се соочува со пустошот кој ги направи невремето изминатите денови. Состојбата во некои области е се уште алармантна.

Граѓаните немаат основни услови за живот, уништени се голем број станбени и деловни објекти.

Во селото Грабовица водостојот расте, а граѓаните немаат вода за пиење и храна. Во Текија производите кои им се неопходни на жителите се доставуваат со брод.

Последиците од штетите се санираат и во Мајданпек и Неготин.

Делови од источна Србија се уште се без електрична енергија, а непроодни се и повеќе патиштата.