Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

14.04.2026 08:05

Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.