Армиската вежба „Блесок 26“ од 19 до 27 април на повеќе локации
Вежбата „Блесок 26“ е продолжение од серијалот вежби „Македонски блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата.

При крајот на април, ќе се одржи вежбата „Блесок 26“ по три години од последното оценување на декларираната единица за НАТО операции.
Вежбата „Блесок 26“ е продолжение од серијалот вежби „Македонски блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата.
Оваа жива тактичка вежба ќе се одржи во период од 19 до 27 април 2026 година на повеќе локации, вклучувајќи ги: армискиот полигон „Криволак“, касарните „Јане Сандански“ во Штип, „Мирче Ацев“ во Прилеп и „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Главна цел на вежбата е да се изврши оценување на борбените способности на лесната пешадиска баталјонска група, како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови. Ова ја прави вежбата „Блесок 26“ и оценувањето на лесната пешадиска баталјонска група еден од врвните армиски и национални приоритети за 2026 година.
