Украина

По победата на Маѓар, Украина очекува отворање на ново поглавје во билатералните односи

14.04.2026 09:37

Нови напади во Одеса, оштетен брод кој пловел под знамето на Панама. Украина се надева дека по победата на изборите на Петер Маѓар во Унгарија, двете земји ќе отворат нова страница во билатералните односи...

Војната во Украина продолжува. Нуклеарната централа „Запорожје“ по 13-ти пат остана без електрична енергија.

Нови напади во Одеса, оштетен брод кој пловел под знамето на Панама. Украина се надева дека по победата на изборите на Петер Маѓар во Унгарија, двете земји ќе отворат нова страница во билатералните односи.

Киев очекува новата влада во Будимпешта да го укине ветото за заемот од Европската комисија од 90 милијарди евра. Сепак, Маѓар изјави дека нема да учествува во заемот, правдајќи го потегот со тешката финансиска ситуација во земјата. Зборувајќи за потенцијалното забрзано пристапување на Украина во ЕУ, новиот унгарски премиер рече дека е невозможно земја во војна да биде примена во блокот.