Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70-ти пат
14.04.2026 10:53
Во текот на петте натпревари, Џејмс имаше просек од 24 поени, 9,7 асистенции и шест скока.

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, е прогласен за играч на последната недела од основниот дел на НБА-лигата сезона 2025/26.
Клубот одигра пет натпревари во текот на изминатата недела од кои неговиот тим забележа победа на три.
Во текот на петте натпревари, Џејмс имаше просек од 24 поени, 9,7 асистенции и шест скока.
Признанието е 70-то во кариерата на 41-годишниот Џејмс.
