Љутков на средба со претставниците на Европската престолнина на културата Нова Горица – Горица 2025
Во фокус на средбата искуствата од организацијата на Европската престолнина на културата, за европската димензија на проектот и за улогата на државното ниво во успешната реализација на ваков значаен настан.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денес оствари средба со Само Турел, градоначалник на Нова Горица, и Мија Лорбек, извршна директорка на GO! 2025 Нова Горица – Горица.
Во фокус на средбата искуствата од организацијата на Европската престолнина на културата, за европската димензија на проектот и за улогата на државното ниво во успешната реализација на ваков значаен настан.
„Нивното знаење и практични искуства се особено вредни за нас во моментов, кога Скопје интензивно се подготвува да ја носи титулата Европска престолнина на културата 2028“, нагласил министерот Љутков.
Финансирањето од 20 милиони евра го обезбедува Владата, додека Министерството за култура и туризам е задолжено за ставање во функција на сите државни институции и реализација на капиталните проекти: изградба на Универзална сала, отворање на два нови музеи на Скопското кале, конзервација на Аквадуктот и адаптација на Шалтер-салата.
Со одлука на Советот на Град Скопје е формирана Фондацијата за Скопје 2028, а во Работната група на Град Скопје активно учествуваат и тројца претставници од Министерството. Неодамна успешно заврши и првиот меѓународен конкурс за проекти.
