Македонија

МВР го истражува обидот за палење на објектот на еврејската заедница

14.04.2026 12:17

Со цел расветлување на случајот, извршени се разговори со граѓаните од околината на објектот, прегледани се снимки од камерите, како и видеоматеријалот од системот „Безбеден град“...

Во тек се мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителите на пожарот на верскиот објект, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Со цел расветлување на случајот, извршени се разговори со граѓаните од околината на објектот, прегледани се снимки од камерите, како и видеоматеријалот од системот „Безбеден град“.

Веднаш по добиената пријава, од страна на полициските службеници излезено е на местото на настанот, подигнати се траги и предмети и дадени се на вештачење. Во дворот на верскиот објект бил забележан канистер за гориво и траги од горење.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го осуди обидот да се опожари синагогата во Скопје, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“.

Еврејската заедница во Македонија го осуди обидот за опожарување, оценувајќи го како напад врз темелните вредности на општеството и предупредувајќи на зголемен говор на омраза и нетолеранција