Турција

Пукање во училиште во Турција, има и повредени

14.04.2026 20:46

Станува збор за поранешен 19-годишен ученик, кој веднаш по инцидентот извршил самоубиство...

16 лица, меѓу кои и ученици, се повредени кога вооружен маж денеска отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција. Станува збор за поранешен 19-годишен ученик, кој веднаш по инцидентот извршил самоубиство.

„19-годишник влезе во училиштето со пушка околу 9.30 часот наутро и отвори оган. шеснаесет лица беа повредени, вклучувајќи четири наставници, 10 ученици, еден полицаец и еден вработен во кафетеријата. Нема жртви. Некои од повредените се префрлени во болниците во центарот на градот. Напаѓачот си го одзеде животот.“, изјави Хасан Силдак – гувернер на Шанлиурфа.

Причината за пукањето сè уште не е позната, а властите ја зголемија безбедноста на местото на настанот.