СДСМ ја повика владата да побара екстрадиција на поранешниот премиер Груевски
Доаѓа време за вистината во врските меѓу Орбан и Мицкоски, велат на Бихаќка. Мицкоски не очекува промена на односите со Унгарија, но очекува тој да води проевропска политика и да даде безрезервна поддршка на земјава во евроинтегративниот пат.

Сега, социјалдемократите бараат враќање на Никола Груевски во земјава или можеби тој, вели Филипче ќе најде засолниште во друга земја, можеби Русија. Инсистираат на ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер. Доаѓа време за вистината во врските меѓу Орбан и Мицкоски, велат на Бихаќка.
Честитајќи му ја победата на Петар Маѓар, премиерот Мицкоски не очекува промена на односите со Унгарија, но очекува тој да води проевропска политика и да даде безрезервна поддршка на земјава во евроинтегративниот пат. Посочи дека не знае дали ќе се врати Груевски во земјава, за кого последното барање за екстрадиција било во 2018-та година, кое било одбиено една година подоцна.
И додека Филипче критикува за бизнис зделки на Мицкоски и Орбан во телекомуникациите, енергетиката, инфраструктурата, шефот на Владата вели дека СДСМ живее во свој свет на лаги и конструкции. Тврдеа дека државата ќе банкротира, а завршивме како петта држава со највисок БДП, став на Мицкоски.
Миле А. Ристески
