РКЕ

Од полноќ поевтини нафтени деривати, се чекаат нови мерки

14.04.2026 18:50

Со одлука на Регулаторната комисија, бензините ќе се продаваат по пониска цена за 1, 5 денари, односно 2 ипол денари за дизелот. Минатата недела беше донесена втора вонредна мерка, со што се намалија акцизите на горивата...

Од полноќ поевтинуваат цените на нафтените деривати. Со одлука на Регулаторната комисија, бензините ќе се продаваат по пониска цена за 1, 5 денари, односно 2 ипол денари за дизелот. Според новата пресметка, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 82 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 95,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 96,5 денари. На оваа цена се додава и попустот на ОКТА, со што Македонија останува земја со најниски цени на горивата, вели премиерот Мицкоски. Според него ова е демант на обвинувањата на опозицијата, оти владата доцнела со носењето на мерките.

Извештајот за цените на храната за месеците февруари-март неделава ќе бидат детално анализирани по што се донесе одлука дали ќе бидат потребни нови мерки, но тие ќе бидат микротаргетирани, соопшти премиерот.

Минатата недела беше донесена втора вонредна мерка, со што се намалија акцизите на горивата, а претходни и ДДВ то за горивата од 18 на 10 проценти. Кризната состојба истекува на 20-ти април.

Викторија Милевска