Зголемена наплата на приходи во касата на Царинската управа
Царинската управа одбележа 34 години од основањето. Бележи контиуниирано зголемување на приходи и ефикасност...

Касата на царинската управа континуирано тежи повеќе, лани наплатиле за 105 милиони евра повеќе приходи од претходната година кога во јули инкасирале над 12 милијарди денари. Од 2024 година до сега спречени се над 2.700 обиди за незаконски дејствија, а поднесени се вкупно 332 кривични пријави истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
„Само во втората половина од 2024 година биле наплатени 64,6 милиони евра повеќе во споредба со истиот период претходната година, додека во 2025 година приходите се зголемени за 105 милиони евра. Трендот продолжува и годинава, со дополнителни 23,7 милиони евра во првиот квартал“, изјави Николовски.
Царинската служба има клучна улога во олеснувањето на трговијата, администрирањето на договорите за слободна трговија, унапредување и заштита на националната економија, наплата на буџетските приходи. – порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
„Владата останува цврсто определена за модернизација и дигитализација на Царинската управа, како и за континуирано јакнење на нејзините институционални и човечки капацитети, со главна цел поефикасна наплата на буџетските приходи, олеснување на трговијата и создавање предвидлива и сигурна деловна средина“, изјави министерката Димитриеска-Кочоска.
Царинската управа одбележува 34 години од формирањето.
Марина Стојанова-Тонева
