Здравство

Зголемен притисокот врз лекарите за потврда за имунизација за упис во училиште и градинка

14.04.2026 17:18

Фреквенцијата во вакциналните пунктови зголемена, зголемен и притисокот врз лекарите од родители кои не ги имунизирале децата, а сакаат потврда неопходна за упис во училиште или градинка. Ако не помине непристојниот предлог на родителот, следуваат закани...

Фреквенцијата во вакциналните пунктови зголемена, зголемен и притисокот врз лекарите од родители кои не ги имунизирале децата, а сакаат потврда неопходна за упис во училиште или градинка. Ако не помине непристојниот предлог на родителот, следуваат закани дека лекарот ќе биде пријавен кај директорот, министерот и дека ќе добие отказ, докторката Каролина Ристова објаснува со што секојдневно се соочуваат здравствените работници во вакциналните пунктови.

Докторката Ристова вели дека има лажни потврди и неимунизирани деца и тоа ќе се види кога пак ќе ни се појави некоја епидемија, како што имавме на морбили пред 8 години, 1.900 деца беа заразени, 4 бебиња починаа. Тогаш од страв беа имунизирани над 40.000 деца.

Во вакциналните пунктови забележуваат дека во некои општини во Скопје строго се бара уреден вакцинален картон за упис, додека во други се прогледува низ прсти.

Наташа Јанчиќ – Менковски