Сообраќај

Лов на брзи возачи, европска акција за безбеден сообраќај

14.04.2026 19:17

Сообраќајната полиција во лов на брзи возачи на патиштата низ државава, стартуваше со 24-часовен радарски систем, во рамките на европската координирана акција за безбедноста на сообраќајот. И покрај камерите на безбеден град и натаму илјадници казни за непочитување на сообраќајните правила...

24-часовни радарски контроли на патиштата низ цела држава. Сообраќајната полиција на терен. Се ловат брзите возачи.

Покрај безбедносните камери коишто се поставени на главните крстосници, како и на главните улици во Скопје и 24 часа ги ловат грешките на возачите, до крајот на оваа недела ќе биде засилена и полициската контрола.

Активностите за безбеден сообраќај се во рамките на европската акција. Македонската телевизија регистрира.

Изминатиов викенд 1.303 возачи биле казнети, а 57 уапсени. 488 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Граѓаните велат дека системот безбеден град одлично функционира, но сепак каде што нема камери се вози брзо.

Оваа координирана европска акција, позната како „РОАДПОЛ“, радарски маратон, истовремено се спроведува на патиштата низ цела Европа. Целта на оваа акција е да се испрати порака за важноста на одговорното возење и почитување на сообраќајните правила.

 

Ана Јосифоска