Кривичен Суд

Продолжува судењето за Стојанче Јовановски

15.04.2026 08:00

На последното рочиште беа презентирани аудиоснимки од пријави до 112 и 192, како и видеоматеријали што, според обвинителството, се однесуваат на претходно пријавувано семејно насилство. Во фокусот беше и прашањето дали институциите навреме и соодветно реагирале на пријавите што биле правени во подолг временски период...

Ново рочиште против Стојанче Јовановски, сопруг и татко на Ивана и Катја кои паднаа од балкон, со изведување на преостанатите материјални докази, медицинска документација, извештаи и видеозаписи. На последното рочиште беа презентирани аудиоснимки од пријави до 112 и 192, како и видеоматеријали што, според обвинителството, се однесуваат на претходно пријавувано семејно насилство. Во фокусот беше и прашањето дали институциите навреме и соодветно реагирале на пријавите што биле правени во подолг временски период. Според презентираните материјали, пријави не поднесувала само сега починатата жена, туку и членови на семејството и соседи.

Според обвинението, Јовановски се гони за загрозување на сигурноста, тешка телесна повреда при семејно насилство и наведување на самоубиство.