Се собираат документи за предметите за Груевски
Откако ќе ги добијат, од ресорното министерство најавија дека ќе постапат според важечките законски прописи...

Министерството за правда најави дека денеска од судот и од Обвинителството ќе ги побара документите за сите предмети поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски, кој пребега во Унгарија. Откако ќе ги добијат, од ресорното министерство најавија дека ќе постапат според важечките законски прописи. За Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција, во ноември 2018-та, како и дополнување на барањето во јуни 2019-та година, за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за кои е распишана потерница.
Унгарија го одби барањето на почетокот на август 2019-та, со образложение дека на Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало, соопшти министерството за правда.
