Македонија

Промоција на нов возен парк на Македонска пошта во Скопје

15.04.2026 09:04

Настанот ќе се одржи на паркинг просторот пред СРЦ Борис Трајковски.

Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на АД Македонска пошта, Орхан Куртиши, денеска ќе присуствуваат на промоција на новиот возен парк за потребите на АД Македонска пошта.

Настанот, како што информираат од Министерство за транспорт, ќе се одржи на паркинг просторот пред СРЦ Борис Трајковски.