Украина

Русија врши напади, Киев бара одбранбена помош

15.04.2026 08:45

Нападите се засилуваат, додека Киев бара нова одбранбена помош...

Руски дронови го погодија Черкаси – едно дете загина, девет лица се повредени. Нападите се засилуваат, додека Киев бара нова одбранбена помош. По договорот со Германија од 4 милијарди евра, Зеленски во Норвешка потпиша договор за воена соработка и производство на дронови. Во услови на продолжен конфликт на Блискиот Исток, предупреди на последици ако САД ја намалат поддршката.

„Се надевам дека американскиот претседател ги разбира сите тешкотии доколку се донесе таква одлука“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

ЕУ најавува продолжена финансиска поддршка, а првата транша од 90 милијарди евра се очекува до крајот на вториот квартал. Лавров од Кина го обвини Западот за кризата.

„Западот се обиде вештачки да создаде криза во Украина за да ѝ нанесе стратешки пораз на Руската Федерација“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Пекинг ја повика Москва на поблиски врски во услови на „турбулентна“ меѓународна клима.