Свет
САД: Бури и торнада во Средниот Запад
15.04.2026 08:48
Во Канзас има неколку полесно повредени и оштетени домови и инфраструктура. Торнада се пријавени и во Минесота и Висконсин, каде илјадници останаа без струја...

Силни бури го погодија Средниот Запад на САД, оставајќи штети и повредени, а метеоролозите предупредуваат на нов бран невреме со можни торнада, град и силен ветер. Во Канзас има неколку полесно повредени и оштетени домови и инфраструктура. Торнада се пријавени и во Минесота и Висконсин, каде илјадници останаа без струја.
Се очекуваат и поплави во регионот на Големите Езера, додека во Мичиген е прогласена вонредна состојба поради зголемено ниво на водата.
