Албанија

Голем пожар избувна во станбен комплекс во Тирана

15.04.2026 20:03

Огнот зафатил дел од зградата и се проширил кон повисоките катови, отежнувајќи ја евакуацијата.

Голем пожар избувна во станбен комплекс во Тирана, при што најмалку 11 лица се повредени, меѓу нив и пожарникари. Огнот зафатил дел од зградата и се проширил кон повисоките катови, отежнувајќи ја евакуацијата.

На терен интервенирале десетици пожарникари, поддржани од армијата. Пожарот е ставен под контрола, но екипите и натаму работат на целосно гаснење.

Надлежните ја проценуваат штетата, а истрагата за причините е во тек.